СДСМ: Економијата е пред колапс, доцнат плати, дали Буџетот е празен

Од:

Фактите говорат дека буџетот е пред целосен крах. Повратот на ДДВ за фирмите не се враќа. Фирмите, од најголемите извозници до малите бизниси, немаат поврат и ги трпат последиците. Немаат ликвидност, немаат пари за плати, се задолжуваат. Ова е прв јасен индикатор дека во државната каса нема пари, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Доцнат плати во институциите. Вработените во образование, култура, дури и во дел од јавната администрација првпат во 35 години од осамостојување на државата не се сигурни дали на први ќе ја добиајт нивната плата. Последен ваков случај е со доцнењето на платата во Министерството за внатрешни работи. Владата ветуваше „нов економски циклус“, а денес – на половина година – има реализација под 20% на капиталните инвестиции што е најсериозен индикатор дека економијата не само што нема „историски раст“ туку е во сериозна стагнација. Тоа значи дека ништо не се гради, ништо не се движи економски. Ниту проекти, ниту вработувања, ниту локален развој. Единствен сериозен капитален проект во овој момент е Коридорот 8 и 10 започнат во времето на Владата на СДСМ. Да биде ситуацијата уште потрагична, една милијарда евра од Унгарскиот кредит кој треба да го враќаме сите во наредните две децении е потрошен на сервисирање на редовни обврски на државата, а не за економски и капитални проекти како што беше најавувано, вели Кузеска.

Таа вели дека проекциите за економијата покажувале економски раст од најмногу 2,8% во услови кога инфлацијата е над 3%.

Тоа не е раст, тоа е негативен раст. Македонија не оди напред, туку тапка во место или уште полошо – се враќа назад.Значи растот којшто сака власта да го престави е резултат на инфлаторно зголемена потрошувачка, а не на продуктивност, инвестиции или извоз. Кога цените растат, се зголемува номиналната вредност на БДП, а тоа значи дека граѓаните плаќаат повеќе за иста количина производи и услуги. Ама имаат помалку. Владата мери лажни проценти а граѓаните мерат сиромаштија во денари, гледајќи како цените растат побрзо од платите а нивните паричници се празни. Банкарскиот сектор е информиран да внимава со проектите, да не одобрува брзо, бидејќи државата не им префрла средства. Зошто? Повторно – затоа што нема пари. Ова е економски колапс. Крах кој веќе се случува. Владата нема одговори, затоа што одговорот е еден – буџетот е празен, вели портпаролката на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ