СДСМ: Брука, инвестицијата на германската БМЗ е целосно договорена и потпишана од владата на СДСМ

Од:

Стануваат смешни и очајни обидите на Христијан Мицкоски да се накити со туѓи перја за секоја инвестција која е договрена од СДСМ. Германска компанија, односно инвестиција за производство на литиумски батерии беше договорена уште во септември минатата година од тогашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Потпишувањето на овој значаен договор се случи во Франкфурт и претставува резултат на седуммесечен интензивен процес на преговори, започнат и успешно завршен од страна на СДСМ. Можно ли е Мицкоски до толку да нема ниеден проект со кој може да се пофали па мора да краде од СДСМ? Ќе почне ли Мицкоски да работи нешто конечно или само ќе се занимава со манипулација на јавноста?

СДСМ истакнува дека ваквите инвестиции се резултат на внимателно планирани и стратешки насочени политики, кои нашата влада ги спроведуваше со цел да привлече технолошки напредни и одржливи компании во земјата.

СДСМ ќе продолжи да работи на создавање нови можности за економски раст и подобрување на животниот стандард на сите граѓани, без разлика на обидите на актуелната влада да ги присвои нашите успеси. Македонската јавност заслужува вистински информации и транспарентност, а не манипулации и празни пофалби.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц