СДСМ бара ребаланс на Буџетот

Од:

Опозициската СДСМ бара Владата рано наесен да направи ребаланс на Буџетот бидејќи смета дека постојниот буџет е неостварлив.

– Ребалансираниот буџет ќе мора да содржи намалување на буџетската потрошувачка, бидејќи дефицитот на крајот на годината ќе биде преголем, односно поголем и од планираниот од 3,5 проценти од БДП, рече денеска на прес-конференција потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов.

bdp01

Платите и социјалните давачки, предлага партијата, треба да останат на исто ниво, а да се направи кратење на непродуктивните расходи.  Бараат и запирање на задолжувањето, изготвување стратегија за раководење со јавниот долг, создавање реални услови за поттикнување на домашните инвестиции.

bdp02

Барањето за ребалансот СДСМ го темели на анализата за состојбата во економијата во првата половина од годината што ја презентира Узунов. Порастот на БДП од 2,9 проценти во првиот квартал, според него, не се должи на „позитивни и одржливи придвижувања, туку на енормно трошење буџетски средства и  ниска споредбена основа со првиот квартал лани“.

bdp03

– Владата, заклучно со мај лани направила буџетски дефицит од 80 милиони евра, а годинава од околу 200 милиони евра. Веќе „е изеден“ огромен дел од планираниот буџетски дефицит за целата оваа година,  рече Узунов, дополнувајќи дека вкупната задолженост на Македонија до април годинава во однос на декември лани пораснала двојно повеќе, на 6,72 проценти.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата