СДММ бара одговрност од Груевски за Телеком

Од:

Приватизацијата на македонскиот Телеком е најкатастрофална и најсомнителна приватизација во Македонија, која ја аминувал тогашниот министер за финансии, сега Премиер, Никола Груевски, обвинија денеска од СДММ.

„Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ, преку својата фирма „Аналитико”, каде биле вработени сите тогашни опозиционери, а сега министри во владата на Груевски, добивале големи надоместоци или уживале друг вид бенефиции од Телеком.

Приватизацијата на Македонскиот Телеком со потписот на Груевски е приказна во продолженија. Oдборот на директори на Телеком, во кои членуваат и претставници на Владата, донесе одлука да ги заменат, трампаат, отстапат своите три згради лоцирани во радиус од 100 метра од градскиот плоштад, со една недовршена зграда-карабина“, рече Соња Петрова од СДММ.

Петерова праша дали поради сето ова ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да ги гласа уставните измени за незастарување на кривичните дела поврзани со приватизацијата.

„Никола Груевски се надева дека никогаш нема да мора да одговара за криминалната приватизација на Телекомот што сам ја потпишал, рече Петрова и побара да се најдат виновниците и да се казнат.

„Затоа, уште еднаш ќе ги потсетиме, и Груевски и неговите сопартијци, дека ваквите криминални активности не можат да заминат во историјата незабележани.Господине Груевски, лицемерно е да зборувате за криминални приватизации, а да не се сеќавате кој го продаде единствениот телеком што го имаме“, рече Петрова.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса