Сарачини: Ситуацијата во Србија и БиХ нема да предизвика големи турбуленции во трговијата

Од:

Поплавите што ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина нема да имаат влијание врз трговијата со овие држави. Можни се негативни последици само врз транспортот на стоки, изјави денеска министерот за економија Ваљон Сарачини.

– Од Србија увезуваме пченица, пченка и брашно и ова можеби ќе има некаква последица, но имајќи предвид дека годишно произведуваме околу 270 илјади тони пченица што е околу 70 проценти од вкупните потреби, значи дека околу 30 проценти се увоз. Секогаш има можност за алтернативен увоз. Тука се Хрватска, Бугарија и Унгарија, така што мислам дека ова нема да се одрази толку негативно врз трговијата, истакна Сарачини, одговарајќи на новинарско прашање.

Евентуално, негативни последици Сарачини очекува во делот на транспортот на стоки поради тоа што во овие региони движењето е отежнато, а на места и воопшто не може да се реализира што ќе доведе до задоцнување на нарачките од компаниите.

– Мислам дека многу брзо ќе се стабилизра и нормализира ситуацијата. Нашиот комитет за трговија будно ја следи ситуацијата и доколку има потреба за некаква реакција или интервенција, тоа ќе се направи, потенцира министерот за економија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”