Санкции за фирмите кои не воведоа фискални каси со ГПРС уред

Од:

Времена мерка – забрана за вршење дејност и парични глоби за правното лице и за одговорното лице, се дел од санкциите со кои ќе се соочат фирмите кои не воведоа фискални апарати со ГПРС уред.

Рокот за воведување фискални каси со ГПРС истече на 31 октомври до кога, според податоците на Управата за јавни приходи, таа обврска ја исполниле 3.958 правни субјекти.

Околу 5.000 обврзници воопшто ја немаат почнато постапката.

Обврска да воведат фискален апарат со ГПРС до 31 октомври имаа даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, како и обврзници кои вршат угостителска дејност и промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи). За останатите рокот е 31 јануари 2015 година.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет