Санкции од САД за четири кинески компании, Пекинг протестира

Од:

САД воведоа нови санкции за четири кинески компании и еден бизнисмен, поради продажба на оружје за Иран, на што Пекинг веднаш остро реагираше, истакнувајќи дека ваквиот потег ги крши нормите на меѓународните односи.

Меѓу четирите кинески компании, кои имаат двегодишна забрана да работат со американската Влада или да купуваат воена опрема од САД, се наоѓа и еден од водечките производители на оружје „Поли технолоџис“. Оваа компанија отфрла дека го прекршила ембаргото на Советот за безбедност на ОН за продажба на оружје и тврди дека строго се придржува кон кинеските и меѓународните закони.

Кинеското Министерство за надворешни работи истакна дека овие мерки ги поткопуваат интересите на Кина, нагласувајќи дека Пекинг строго ги применува законите за неширење на нуклеарно оружје и дека вложил протест до Вашингтон.

Вашингтон, врз основа на Законот за ембарго на оружје за Иран, Северна Кореја и Сирија, воведе санкции и за две белоруски компании и за двајца ирански, двајца судански, еден сириски и еден венецуелски државјанин, соопшти Стејт департментот.

Санкциите се воведени бидејќи постојат доверливи информации кои укажуваат дека овие компании и поединци пренесувале во Иран, Северна Кореја или Сирија, односно од тие земји набавувале опрема и технологија, која значајно би можела да придонесе за оружјето за масовно уништување или програмата за балистичките ракети.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36