Самсунг преговара за зголемување на цената на чиповите

Од:

Јужнокорејскиот електронски гигант Самсунг Електроникс преговара со клиентите за да ги зголеми цените на чиповите оваа година за 20 отсто, јави Блумберг.

Многу производители на чипови сакаат да ги зголемат цените за да ги покријат зголемените трошоци за материјали и логистика, пишува Блумберг повикувајќи се на извори. Јужнокорејската компанија е вториот најголем производител на чипови во светот, по Taiwan Semiconductor Manufacturing (TSMC).

Самсунг при претставувањето на деловните резултати на крајот на април истакна дека побарувачката на големите клиенти е поголема од расположливите капацитети, оценувајќи дека состојбата нема да се подобри во догледно време.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зара, Самсунг и Пејпал меѓу најновите компании што ги затворија бизнисите во Русија

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во САД од 17 милијарди долари

А1он

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во вредност од 17 милијарди долари

Ана Ололовска

Самсунг и Ел-Џи преговараат за индустриска соработка

Ана Ололовска

Профитот на „Самсунг“ намален за половина

Ана Ололовска

Поради забавениот кинески економски раст намален и профитот на „Самсунг“

Наум Локоски