Самохраните мајки тешко доаѓаат до работа, невработени 30 проценти

Од:

Самохраните мајки тешко доаѓаат до работа. Се проценува дека околу 30 проценти од нив во земјава се невработени и треба да им се помогне за полесен пристап на пазарот на трудот и преку мерките за вработување во Оперативниот план.

Ова беше посочено од учесниците на завршната конференција за проектот „(Само)вработување за самохрани мајки“, финансиран од ЕУ, што го спроведуваат Здружението на бизнис жени, Институтот за менаџмент поддршка и Бизнис конфедерација на Македонија.

– Во оваа држава во принцип тешко се доаѓа до вработување. Самохраните мајки се посебна група затоа што не само што немаат работа туку го имаат и оној терет на излегување од дома и теретот на стигматизам од околината и затоа е потешко нив да ги извлечеме од дома и да ги вработиме. Меѓутоа со ваквите програми кои се позитивен пример сметам дека може да им помогнеме и на нив и на децата, рече Валентина Дисовска претседателка на Здружението на бизнис жени на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Невработеноста е на историски најниско ниво од 15,2% објави Владата

Катерина Ѓуровски

До крајот на мандатот невработеноста ќе ја намалиме под 10% најавува премиерот

Катерина Ѓуровски

Влада: 284,9 милиони денари за поддршка на нови 1.216 вработувања во реалниот сектор

А1он

Владата усвои стратегија за вработување која предвидува стапката на невработеност да падне на 11%

А1он