Самит „Македонија 2025“: Развој на малите држави преку отвореност на економиите

Од:

Отвореноста на малите држави е единствениот начин за нивен развој, за кој истовремено се неопходни поволна бизнис клима за странски инвестиции, стабилност, конкурентност во однос на даноците, трошоците за работна сила и квалитет на образование.

Тоа се дел од пораките упатени на отворањето на шестиот Самит на „Македонија 2025“, што се одржува во Скопје, на кој учествуваат 50-ина говорници од 25 држави и 400 делегати.

Мајк Зафировски, кооосновач и член на Одборот на директори на „Македонија 2025“, укажа на важноста од градење позитивна клима кон инвеститорите, стабилност и доверба во системот, потенцирајќи ја улогата и на дијаспората.

– Земјата мора да остане конкурентна во однос на даноците, трошоците за работна сила и квалитет на образование. Секако дека треба да се поттикне и развојот на домашните компании, владеење на правото, добрата инфраструктура и образованието. Странските инвестиции и инвеститорите од дијаспората носат капитал, трансфер на технологија и најдобри практики и се клучни за поттикнување на економскиот развој, порача Зафировски.

На првиот дел од Самитот, што се одржува во организација на „Македонија 2025“, за најдобрите практики за развој на малите држави говореа Суан Хианг Ли, претседател на Одборот за економски развој на Сингапур и Пјер Гурџијан, партнер во Руско-ерменската фондација.

Како што беше истакнато, Сингапур во изминативе 50-тина години го зголеми бруто домашниот производ по глава на жител повеќе од 50 пати и денес надминува 52 илјади долари, со што се трансформираше во светска економска сила.

Според Ли, клучни фактори за развојот на земјата се: фокусот кон странски инвестиции, трансфер на технологија, инвестирање во човечки капитал, првокласна инфраструктура и про-бизнис ориентирана влада.

– Сингапур верува во отворена економија. И во светската економија, мора да понудите најдобри услови за привлекување на инвестиции. Нема награда за тие што се втори, наведе Ли.

Осврнувајќи се на придонесот на ерменската дијаспора кон економскиот развој на земјата, која преку бројните програми досега има инвестирано над 600 милиони долари, Гурџијан рече дека нивната главна цел е Ерменија да го удвои бруто домашниот производ по глава на жител до 2030-та година.

Самитот ќе продолжи со дискусија за примената на научените лекции и можноста за примена на најдобрите практики за развој во Македонија и региионот, во кој дел организаторт најави присуство на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, гувернерот на НБРМ Димитар Богов…. Треба да се дебатира и за можноста за развој на Македонија во регионален центар за паметни техноилогии, досегашните искуства со директните странски инвестиции при соработката со локални добавувачи, како и за улогата на жените како лидери кон одржлива иднина. Ќе бидат претствени и примери за успешно и инспиративно лидерство, технологии на идното време, значењето на медиумите и телекомуникациската индустрија, улогата на социјалните медиуми и платформи.

Би можело да ве интересира

Декларацијата на мировниот самит за Украина ја потпишаа 80 земји, но не и земјите на БРИКС

A1on

Неколку министри го бојкотираа Лавров: „Вие сте виновни, го убивте ОБСЕ“ , рече рускиот дипломат и го напушти состанокот

A1on

(ВИДЕО) Лавров кон грузиска новинарка: Имаш убава боја на косата

A1on

Ковачевски: Недоаѓањето на некои министри е порака за неоправданоста на руската агресија

A1on

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Двесте војници на АРМ ќе ги возат министрите на ОБСЕ

A1on