Саем на чиста енергија

Од:

Поврзување на младите луѓе со компании кои работат во областа на обновливите извори на енергија и универзитети кои нудат студии од областа, е целта на Саемот на чиста енергија, што ќе се одржи денеска и утре во ЕУ Инфо центарот.

Саемот е дел ЕУ неделата за одржлива енергија, а го организираат Здружението на граѓани Гоу Грин, со партнерите – Сојузот на извидници и АИЕСЕК Скопје.

На саемот ќе учествуваат млади на возраст од 16 до 24 години, и претставници на компании и универзитети од Македонија, Франција и Германија, кои обезбедуваат академски и професионални можности во областа на обновлива енергија.

Според анализите на Европската комисија, три милиони работни места ќе се отворат во секторот за обновлива енергија до 2020 година.

Промената од општества кои користат фосилни горива во општества кои користат обновлива енергија, создава потреба за нова генерација на таленти за енергија кои успешно ќе го забрзаат процесот. Тоа, исто така претставува одлична можност за нови бизнис можности и вработувања.

Би можело да ве интересира

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

Горан Наумовски

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Објавено е огромно откритие за нуклеарната фузијата, потенцијален извор за бесконечна енергија

Катерина Ѓуровски