САД: Русија сериозен конкурент на ЕУ во извозот на пченица

Од:

Европската унија се соочува со сериозна конкуренција од Русија, кога е во прашање извозот на пченица, соопшти Министерството за земјоделство на САД.

Според податоците на експертите, количеството на извезена пченица во земјите на ЕУ во 2018 година се намали за 12 отсто, во споредба со 2017 година.

Во соопштението се наведува дека европските извозници на пченица загубиле дел од пазарот во Северна Африка и Блискиот Исток, а при тоа Русија им застанала на патот.

Експертите истакнуваат дека квалитетот на руската пченица одговара на цената. Секако, Русија придонесе во ЕУ да опадне извозот на пченица, наведува американското Министерство за земјоделство.

– ЕУ се соочува со сериозна конкуренција на извозниот пазар, особено со Русија и земјите од Црноморскиот крај, како и со падот на еврото. Според податоците, обемот на извоз на пченица од земјите од ЕУ секако опаѓа и е најнизок во изминатите пет години, соопшти Министерството за земјоделство на САД.

Според американските податоци, во периодот од 2016-2017 година ЕУ извезувал 27,3 милиони тони, а во истиот период за 2017-2018 година извозот опаднал на 24 милиони тони.

Во документот се наведува дека главни увозници на пченица од ЕУ се земјите од северна Африка и Блискиот Исток, пред се – Алжир, Мароко, Саудиска Арабија и Египет, иако во периодот 2016-2017 година ЕУ изгубила свој дел на тој пазар, а Русија како конкуренција влијаела на тоа.

Би можело да ве интересира

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски