САД: Неуспехот на преговорите за грчкиот долг ќе ја загрози глобалната економија

Од:

Евентуален неуспех на преговрите меѓу Грција и меѓународните кредитори би можел да предизвика нестабилност и загрозување на економијата не само во ЕУ, туку и во целиот свет, изјави синоќа американскиот министер за финансии Џејкоб Лју.

– Доколку не биде постигнат договор, ќе бидат предизвикани непосредни проблеми за Грција, но тоа ќе доведе и до нестаблиност во Европа и во светската економија во целина, порача Лју во Вашингтон по средбата со холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогрупата, Јерум Дејсеслблум.

Како што јавија западните медими, на средбата Лју го охрабрил Дејселблум да продолжи со неговиот ангажман за постигнување на „конструктивен резултат“.

Грција преговара со меѓународните кредитори за исплата на последната транша од помошта во износ од 7,2 милијарди евра, по што планира да почне разговори за преструктуирање на нејзиниот државен долг.

Кредиторите бараат до Атина во замена за исплатата на последната транша, да презентира детална програма на рефоми што планира да ги спроведе.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он