САД: Грција да продолжи со разговорите со заинтересираните страни за надминување на финансиската криза

Од:

САД одблизу ја следат ситуацијата во Грција и сметаат дека Атина ќе продолжи со преговорите со меѓународните кредитори кои ќе и обебзедат неопходна финансиска поддршка и ќе остане во еврозоната. Тоа го соопшти синоќа Министерството за финансии на САД.

– САД продолжуваат со повиците до сите заинтересирани страни да продолжат со преговорите кои ќе обезбедат за Грција економски раст во еврозоната врз основа на неопходни економски реформи и потребното финансирање, се вели во соопштението.

Во него се додава дека Грција вчера не обезбедила 1,5 милијарди евра за плаќање на обврските спрема ММФ.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија