САД, ЕУ и Јапонија најавија соработка во трговската војна против Кина

Од:

САД, Европската унија и Јапонија најавија соработка во борбата против нефер трговските постапки на други големи држави – при што првенствено се очекува соработката да биде насочена против Кина.

Тоа беше договорено на средба на трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер со европската комесарка за трговија Сесилија Малстром и јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.

– Повторно беше изразено нашето незадоволство и се потврди заедничката посветеност на борбата за фер трговски пракси и запирање на нелојалната конкуренција, соопштија тројцата претставници.

САД отпочнаа трговска војна чија главна цел е Кина, со воведувањето царини за увоз на челик и алуминиум, на што Кина одговори со царини за американски земојделски и други производи. Трите земји индиректно ја осудија Кина и за праксата на крадење интелектуална сопственост – пред се патенти на компаниите од технолошката индустрија.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии