Рускиот, европскиот и украинскиот министер за енергетика во петок ќе ги „пеглаат” недоразбирањата

Од:

Министрите за енергетика на Украина и Русија, Продан и Александер Новак, на 2. мај (петок), во Варшава ќе остварат трилатерална средба со комесарот за енергетика на Европската унија, Гинтер Ојтингер, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Како што информираа од Европската комисија, оваа трилатерална средба доаѓа по писмото-одговор на претседателот на неформалната Влада на Унијата, Жозе Мануел Барозо на писмото на рускиот претседател Владимир Путин, испратено на 17-ти април, а во врска со можноста да сопре да тече рускиот гас во Украина, поради долг од неколку милијарди евра на Украинците.

Работата на двајцата министри и еврокомесарот е да ги “испеглаат” недоразбирањата, Украина да плати дел од долгот кон руската компанија „Газпром”, а Русија да не сопре со испораката, односно да не премине на испорака со претходно плаќање. Во меѓувреме, официјален Киев потпиша договор со Словачка за достава на гас од оваа земја-членка на Европската унија, што е недоволно за потребите на украинските граѓани.

Би можело да ве интересира

Чешка не му верува на Путин, продолжи да испорачува муниција за Украина

А1он

Го продаде двегодишниот син за 21.500 евра за со парите да „отпочне сопствен бизнис“

А1он

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва