Руски министер за економија: Ќе се жалиме на санкциите

Од:

Рускиот министер за економија Алексеј Уљукаев изјави дека Русија ќе се жали до Светската трговска организација заради санкциите од Западот.

– Најновата рунда санкции дава причини за жалба до СТО. Ние ќе се жалиме, изјави тој.

Европската унија објави содржина на новите санкции спрема Русија, а цел се нафтени компании во државна сопственост.

Освен тоа санкциите опфаќаат и забрана за извоз на оружје во Русија како и т.н. технологии за двојна намена како и забрана за извоз на опрема за истражување и експлоатација на нафта.

Проширена е и црната листа на руски функционери на кои им е забрането да патуваат и да имаат бизниси во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста