Руски гас: Не постои алтернатива за Европа

Од:

oilprice.com

Санкциите влегоа во втората година; рубљата се уште не е заздравена; а националните енергетски лидери, Гаспром и Роснефт, го преживуваат она што може слободно да се нарече слаба година. Сепак, додека политичките односи на Русија со западот продолжуваат да се редефинираат, еден поширок елемент од взаемната завиност останува релативно непроменет – иако неговата вредност е вжештено оспорувана. Никаде овој спор не е поистакнат отколку во енергетскиот сектор.

Дефинитивно, Гаспром е во невољи. Минатата година гасниот гигант доживеа пад на профитот од 70 проценти или околу 3,3 милијарди долари. Во текот на првите три квартали од 2014, испораките на Гаспром опаднаа за 3 проценти за Европа, 13 проценти за поранешните советски републики, и осум проценти за домашните потрошувачи.

Должничките оптоварувања на компанијата пораснаа, а шансите за долгорочни кредити се малку. Покрај ова, судските тужби кон компанијата секој ден растат. Неодамнешните антимонополистичка тужба од Полска и Украина се додаток на обвинувањата од Европската комисија од април, кои компанијата можат да ја чинат до 10 проценти од нејзиниот глобален обрт.

Од своја страна, Европа – или попрецизно Европската унија – се уште се обидува да ги дефинира условите за својата енергетска безбедност. Планот на 28-те земји членки да се обединат во енерегетска унија се уште траат, иако се безначајно малку појасно отколку тоа кога конечно ќе се издефинираат. Во една неодамнешна изјава од заседанието на пленарната сесија на Европската комисија за енергетика и социјала, комесарот за енергетика Марос Сефковиц ги опиша целите на унијата вака: Целосно интегриран енергетски пазар, енергетска ефикасност над се; декарбонизација; заложба за истражувања и развој; и безбедна достава преку солидарност и доверба.

Многу е сторено за првите четири цели. Интерконекторите изникнуваат низ целиот континент и ЕК заедно со Европската инвестициска банка, отворија два нови финансиски инструменти кои треба да овозможат инвестиции во енергетската ефикасност, и за проектите за климатски промени. Но солидарноста тешко се постигнува.

Тоа не е ништо ново за Европската унија. Тврдата линија кон Русија и повиците за поголема транспарентност (контролата од страна на ЕУ) само послужи да се истакне неизненадувачкиот диверзитет на националните интереси во економскиот блок. Да земеме еден контроверзен пример: Унгарија и Грција, помеѓу другите, се мачат да добијат економски бенефити од санкците против Русија. Брисел прави се се создаде обединет фронт кога станува збор за кризата во Украина, но некои членки не се убедени во оваа стратегија.

Обезбедувањето на испораки на гас е уште поголема главоболка. Револуцијата на гас од шкрилци во Европа се претвори во непознаница. Големите ископувачи се повлекоа од Полска и Украина – двете најветувачки држави – иако маргинални надежи остануваат за Данска и Велика Британија. Американскиот природен течен гас е се уште со години далеку. Па дури и со него, неизвесно е задоволувањето на жедта на Европа. Корпус кристи ЛНГ на Черниер енерџи е единствениот просперитетен терминал кој има договор со Европа. Најрано до 2018 година, терминалот ќе испорачува околу 7,3 милијарди кубни метри течен природен гас годишно – или речиси 1,7 проценти од побарувачката на Европа.

Туркменскиот гас – преку јужниот коридор – не се очекува се до 2019 година. Туркменските власти сметаат дека испораките можат да достигнат помеѓу 2 до 7 проценти од годишните потреби на Европа. Рускиот гасовод Турски поток се очекува да биде функционален во 2016 година, иако не е јасно дали ќе биде готова или не неговата инфраструктура на грчката страна.

Во меѓувреме, ЕУ и Сефковиц ќе посредуваат руско-украинскиот договор за гас да трае се до конечната пресуда на судот во Стокхолм во врска со спорот со долгот на Гаспром и Нефтгас. Позитивен резултат, барем на некое време, ќе го намали ризикот од какво  било сопирање на испораките. Речиси 20 милијарди тони гас веќе транзитираа преку Украина годинава.

Рускиот гас постои за да остане тука. Не затоа што енергетската унија на ЕУ се уште е далеку од солидарност која се бара, туку затоа што нема логични алтернативи за него.

Како прилог на тоа, на 13 мај, Центрика, сопственикот на Бритиш гас, го продолжи договорот со Гаспром маркетинг енд трејдинг, огранокот на Гаспром во Велика Британија. Гаспром сега ќе испорачува 4,16 милијарди годишно во Велика Британија, барем до 2021 година – што е пораст за 70 проценти од перетходниот договор.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

A1on

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

A1on

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он