Русија вети инвестиции во Чешка доколку го добие тендерот за доградба на нуклеарката „Темелин“

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев на денешните разговори во Москва со чешкиот колега Петр Нечас изјави дека чешката индустрија може да добие инвестиции во износ од 6,2 милијарди евра, доколкутендерот за доградба на нуклеарката „Темелин“ во Чешка го добие чешко-рускиот конзорциум.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, за истиот проект конкурира и американско–јапонската корпорација „Вестингхаус“.

Чешкиот премиер ги уверил своите домаќини, дека на тендерот ќе победи најдобрата понуда и дека одлуката ќе биде донесена транспарентно.

– „Вестингхаус“ нема да ја коментира наводната понуда на руски инвестиции во замена за успех во тендерот за проширување на „Темелин“. Ваквите практики се во спротивност со правилата за конкурентност во Чешка и во ЕУ исто така, немаат никаква врска со барањата од тендерот, чија цел е да се изгради најбезбедна и најефикасна нуклеарна централа, реагираше Мајк Кирст, европскиот потпретседател на „Вестингхаус“.

Компанијата „ЧЕЗ“, која е сопственик на „Темелин“, планира да го избере победникот на тендерот на есен, додека доградбата на двата нови блока би требало да биде довршена во 2025 година.

Но, пред неколку дена токму по ова прашање дојде до спор меѓуминистерот за финансии Мирослав Калоусек и премиерот Петр Нечас.

Калоусек, се сомнева во врска со ефикасноста на завршувањето на „Темелин“, бидејќи првично беа пресметани многу повисоки цени на електричната енергија отколку што се сега и иднината на овие цени според него е многу неизвесна.

Нечас, се огради од изјавата на министерот за финансии, изјавувајќи дека нуклеарната енергија е од клучно значење за снабдувањето со струја не само на домаќинствата во земјата, туку пред се и на домашната индустрија.

Според Нечас, вредноста на инвестицијата се проценува на осум до 12 милијарди евра и новите блокови би требало двојно да ја зголемат ефективноста на „Темелин“.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски