Русија и Украина се договорија цената на гасот да изнесува 385 долари за илјада кубици

Од:

Русија и Украина се договорија цената на гасот во текот на зимскиот период да изнесува 385 долари за илјада метри кубни, а Украина е подготвена претходно да ги исплати испораките, изјави рускиот министер за енергетика, Александар Новак.

Генералниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер истакна дека до 21 октомври Украина треба да го реши прашањето за финансиско обезбедување на идните зимски испораки.

Рускиот претседател Владимир Путин, по средбата вчера вечер во Милано со украинскиот колега Петро Порошенко, нагласи дека Русија треба да добие од Украина минимум 5,5 милијарди долари, но е подготвена да ја преразгледа цената на гасот со последниот датум, која ја намали за 100 долари, и како резултат на тоа долгот ќе изнесува 4,5 милијарди долари.

– Вкупниот долг на Киев кон Москва веќе достигнува до 10 милијарди долари, додаде рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија