Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Од:

Вкупниот извоз на руски гас во европските земји оваа година бил меѓу 18 и 20 отсто поголем од минатата година, изјави денеска рускиот вицепремиер Александар Новак.

„И покрај сите изјави и притисоци од санкции, гасот е високо еколошки производ, тој е баран. А рускиот гас е најпрофитабилен – и логистички и по цена“, изјави Новак, пренесува РИА Новости.

Договорот за транзит на руски гас во Европа преку украинска територија истекува на 31 декември, а претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, најави дека Киев нема намера да го обнови договорот со Русија, што доведе до несогласувања со неколку европски лидери. вклучувајќи го и словачкиот премиер Роберт Фиц. Руски Газпром во вторникот оцени дека потрошувачката на гас во Европа ќе продолжи да се намалува во 2025 година, а стапката на пад ќе зависи од идните политички одлуки, наведува руската агенција, пренесува Танјуг.

Според прелиминарните проценки, светската потрошувачка на гас ќе се зголеми за повеќе од 100 милијарди кубни метри до крајот на 2024 година, а Русија, Кина и Индија ќе забележат највисока стапка на раст.

Би можело да ве интересира

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Путин призна дека размислува за наследник

Путин: Русија има сила успешно да ја заврши војната во Украина дури и без нуклеарно оружје

Горан Наумовски