Русија ги намалува испораките на гас за Србија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин одлучил по посетата на Белград да ги намали испораките на гас за Србија за 28 отсто, објави српскиот весник „Данас“.

Путин ја донел одлуката, откако бил незадоволен од резултатот од посетата на Белград поради тоа што српскиот премиер Александар Вучиќ одбил да потпише протокол, со кој се регулира враќањето до март идната година на долгот за руски гас во износ од околу 200 милиони долари.

Извори блиски до Владата за „Данас“ тврдат дека српскиот премиер одбил да потпише гаранции, бидејќи смета дека тоа барање на Путин е неумесно и нечесно со оглед на фактот дека Русија преку Нафтена индустрија на Србија извлекува голем профит од Србија.

Незадоволен од одбивањето на српскиот премиер да потпише протокол за враќање на долгот во следните четири месеци, два дена по посетата на Србија Путин одлучил да ги намали испораките на гас за една третина од вкупните договорени количини.

Како што дознава весникот, Вучиќ на Путин како причина за одбивање да потпише обврзувачки документ, со кој на Србија би требало да и се врати долгот до март идната година, го навел фактот дека Русија зема огромен профит преку НИС, што овозможило штетен договор за продажба на компанијата склучен меѓу Русија и Србија во 2008.

Вучиќ за сето тоа ги известил членовите на Владата на Србија на последната седница.

Како што дознава весникот, министерот за енергетика Александар Антиќ, би требало да напише протестно писмо до руската компанија задолжена за испорака на гас.

Мнозинскиот пакет акции во НИС е продаден за 400 милиони евра. Во јавноста во време на продажбата се оспоруваше цената за 51 отсто акции, која, како што тврдеа многумина, е далеку под проценетата вредност на цела компанија, која се движеше околу две милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Орбан: ЕУ ја загуби војната во Украина

(ВИДЕО) Напад со дронови во рускиот град Казан

А1он

Пожар во притвор во Русија: Има мртви

Руските сили за воздушна одбрана соборија 36 украински беспилотни летала во текот на ноќта

Ракетен напад врз Киев, најмалку две лица повредени, пожари на повеќе локации

(ВИДЕО) Русија: Украина нападна фабрика во Ростовска област со проектили „Атакамс“ и „Сторм шедоу“

Горан Наумовски