РКЕ: Нема поголема маржа за бензините, нафтените компании за антикризни мерки да се обратат во Владата

Од:

Пред да биде донесена одлуката за густини и маржи на нафтените деривати во текот на август од страна на поголемите трговци беа доставени одделни барања за промена за зголемување на маржата кај одделни нафтени деривати. Единствена причина поради која беа поднесени барањата за зголемување на маржата е за да им се врати ликвидноста која им е ослабена поради намалената потрошувачка на нафтените деривати, велат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

-Од страна на компанијата Макпетрол АД Скопје беше доставена споредбена анализа за трендот на потрошувачката од првите месеци од 2020 во споредба со истиот период од 2019 година. Од страна на другите компании немаше доставено анализа, само доставија барање за зголемување на маржата кај одделни нафтени деривати. РКЕ ги разгледа сите барања и согласно своите законски надлежности закажа консултативен состанок со сите баратели во август 2020 година. На состанокот беа дискутирани барањата и од страна на РКЕ на компаниите им беше побарано да се достават анализи кои ќе ги поткрепат нивните барања. До моментот на носење на одлуката, анализи не беа доставени,порачуваат од РКЕ.

Според нив, со донесената одлука за густини и маржи на нафтените деривати се отсликува реалната состојба на пазарот на нафтени деривати и доколку тие постапеле по барањата на трговците за зголемување на маржата, посочуваат од РКЕ, тоа ќе значеше зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во износ од над два денари по литар.

Во однос на енергетските компании кои се во делот за електрична енергија одРКЕ информираат дека на одржаниот координативен состанок меѓу другото дискутирале и за финансиската состојба и додаваат дека од последните доставени шест месечни извештаи до РКЕ се регистрираат негативни резултатите од работењето, иако, како што велат, компаниите со максимални напори настојуваат тие загуби колку е можно да бидат помали.

-Факт е дека поради пандемијата последиците се рефлектираат и во економските биланси. За санирање и амортизација на последиците, во однос на антикризни мерки ве упатуваме кон креаторот – Владата. Остануваме отворени за соработка во рамките на нашите надлежности и во моментот кога и доколку стигнат анализи, повторно од страна на РКЕ ќе биде разгледано ова прашање и ќе се донесе соодветна одлука,посочуваат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: РКЕ не носи одлука за крајна тарифа за цената на водата, туку определува минимална и максимална просечна тарифа

Ана Ололовска

Бислимоски: Ќе се зголемат ингеренциите на РКЕ во делот на водни услуги

Ана Ололовска

Корисниците на природен гас од 1 јануари ќе добиваат пониски сметки

Жарко Настоски

Бислимоски: Неопходно е да се продолжи со реформите и инвестициите во енергетскиот сектор да бидат приоритет

Ана Ололовска

РКЕ: БЕГ мора да пушта парно и кога надвор ќе биде 16 степени

Ана Ололовска

Горивата поскапуваат за денар до денар и пол по литар

Жарко Настоски