Репрезентативни 9 гранкови синдикати на ССМ

Од:

Девет гранкови синдикати при Сојузот на синдикатите на Македонија добија решенија за репрезентативност согласно измените на Законот за работни односи.

Со репрезентативност се стекнаа Синдикатот за угостителство и туризам, Македонскиот полициски синдикат, Синдикатот за енергетика и стопанство, Синдикатот за одбрана и безбедност, Синдикатот од агро-индустрискиот комплекс, Синдикатот за градежништвото, Синдикатот од текстилната, кожарската и чевларската индустрија, Синдикатот од шумарството и Синдикатот за здравство.

Според претседателот на гранковиот синдикат за градежништво, Павел Трендафилов станува збор за значаен документ со кои синдикатот се легитимира како релевантен социјален партнер и се отвара простор за колективно договарање со работодавачите.

За Синдикатот на текстилната, кожарската и чевларската индустрија, со решението за репрезентативност се овозможува потпишување на колективни договори со кои ќе се регулираат правата на работниците.

– На Синдикатот за кожа, чевли и текстил им се овозможува постојано да потпишуваат колективни договори во кои ќе ги доуредуваат правата од работен однос и со тоа ќе се овозможуваат одредени права кои треба да се испочитуваат, изјави Анѓелко Ангелковски.

Со измените на Законот за работни односи репрезентативноста на синдикатите се утврдува на секои три години. За репрезентативни се сметаат оние синдикати во кои членуваат 20 проценти од бројот на вработените во тој сектор.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ

Дурмиши: Ќе започнеме дијалог за сите отворени прашања и од страна на синдикатите и од страна на работодавачите

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

A1on

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

A1on

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

A1on

Синдикатот на битолскиот универзитет го демантира Џафери: Документацијата ја доставивме навремено