Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ

Од:

Ја слушав изјавата на претседателот на синдикатот, можам да кажам дека од Министерството за финансии и од министерката бев информиран дека се е постапено согласно закон, во ребалансот и тука не треба да имаме никаква дилема. Мене ме зачуди фактот што веднаш претседателот на СДСМ, како да беа чудно синхронизирани, излезе со свој став во поддршка на овој претседател. Нема да навлегувам во начинот како беше избран итн. за тоа има институции, јавноста ја повикувам многу внимателно да го следи овој случај, но за помалку од 2 месеци од работа на една Влада гледам еден синхронизиран, би рекол напад спротивен и на закони и на етика и на принцип и на сѐ од страна на претседател на Сојуз на синдикати и претседател на најголема опозициска партија, и тоа мене ме доведува во ситуација да размислувам дека тука има политичка позадина, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот повика да не се наседнува на политички кампањи и дека Владата ќе разговара со сите легитимни синдикални организации, бидејќи јасна е потребата од зголемување на платите.

„Јас ги повикувам членовите на синдикалната организација да не наседнуваат на политички кампањи во рамките на истата, ние сме Влада којашто многу скоро од денеска ќе седне и ќе разговара со сите легитимни синдикални организации. Тука немаме никаков проблем, сакаме да помогнеме, јас ја разбирам потребата од зголемување на платите“, истакна Мицкоски.

Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека најголем дел од луѓето живеат од плата, а не како што рече тој од провизии или од корумпирани тендери, од трговски центри или од фабрики за марихуана.

„Секој од нас живее од плата, ние не живееме од провизии, не живееме од криминални тендери, ние не живееме од трговски центри, од фабрики за марихуана, не живееме од тоа, ние живееме сите од плата, барем ние коишто сме овде. Е сега има такви кои што гледате како ги коментираат овие работи, јас би сакал и 5.000 евра да биде платата, но треба да дојдеме до тоа имајќи ја состојбата во Буџетот којашто ја оставија и непредвидените усогласувања согласно колективните договори, па мораше сега со ребалансот да се усогласуваат. Но истовремено би напоменал дека истиот тој синдикат беше од страна на тогашната министерка за труд и социјала прелажа, тогаш доаѓаме сите до еден едноставен заклучок дека има многу политика, а малку основа за барање на правата на работниците“, посочи премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Кришто понудил помош по невремето што ја погоди Босна и Херцеговина

Во мај следната година ќе биде пуштена во употреба првата половина од автопатот Кичево-Охрид, најави Мицкоски

Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Да ги почекаме параметрите за овој месец, вели Мицкоски за резултати од „есенската кошница“

Мицкоски: Лиценците за онлајн игрите на среќа се незаконски давани, без да бидат запазени процедурите