Рекордно зголемување на нивото на проблематични кредити во кинеските банки

Од:

Нивото на проблематични кредити во кинеските банки рекордно се зголеми во претходниот квартал.

Тоа би можело да ги загрози напорите на кинеските власти да ги охрабрат банките на поголемо кредитирање, оценува њујоршката агенција Блумберг.

Проблематичните кредити се зголемија за 183 милијарди јуани (26,6 милијарди долари), за кон крајот на јуни да достигнат цифра од 1.960 милијарди јуани, што е најголем квартален шок за повеќе од една деценија, соопшти кинеската Регулаторна комисија за банкарство и осигурување.

Кинеската економија, вредна 12.000 милијарди долари, бележи забавување, а САД се закануваат со нови тарифи на кинеската стока.

Кинеската Централна банка сака да ги поттикне банките повеќе да даваат заеми, поради што, меѓу другото, ги олесни прописите за нивната обврзна резерва.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски