Рекордни загуби на француската банка „Креди Агрикол“

Од:

Француската банка „Креди Агрикол“ соопшти дека очекува да забележи загуба од 2,5 милијарди евра за првите девет месеци од 2012 година, која може да биде и уште поголема, јави дописникот на МИА од Париз.

Ова е една од најголемите загуби во историјата на банката, која во 2011 веќе забележа загуба од 1,5 милијарда евра.

Во текот на минатат деценија банката инвестираше многу во претпријатијата, но со економската и финансиската криза се појавија разлики меѓу вредноста на купените претпријатија и нивната сметководна вредност.

Акциите на банката на Париската берза вчера паднаа за 4,24 отсто, но подоцна до затворањето на берзата нивната вредност порасна за 1,54 проценти.

 

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна