Рекордна продажба на автомобили во Кина

Од:

Продажбата на автомобили во Кина во март е зголемена за повеќе од 10 отсто на годишно ниво, на рекордни 2,04 милиони возила, пред се благодарение на продажбата на патнички автомобили, соопшти Кинеската асоцијација на производители на автомобили.

Асоцијацијата наведува дека во првиот квартал годинава во државата се продадени 5,42 милиони возила што на годишно ниво е раст за 13,2 отсто.

Продажбата на патнички возила во трите месеци е зголемена за 17,2 отсто во однос на истиот период лани на 4,42 милиони, додека само во март е зголемена за 13,3 отсто на 1,59 милиони.

Минатата година вкупната продажба на автомобили во Кина била зголемена за 4,3 отсто во однос на предмминатата на 19,31 милион возила, заради одлуките на некои градови да ограничат сообраќајни метежи и намалат загаденост на воздухот.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски