Регистрација на фирма во Централниот регистар без никаков трошок

Од:

Во Централниот регистар на Република Македонија евидентирани се 103.000 компании, но од нив 30.000 илјади до крајот на годината ќе бидат избришани според последните законски измени.

Трендот покажува поголем број фирми што се регистрираат отколку што згаснуваат. Регистрацијата ќе се врши електронски преку регистрациони агенти кои тоа ќе го прават без никаков надомест. Моделот е правен според словенечкото искуство и се применува и во Сингапур и Австралија.

Ова го истакнува директорот на Централниот регистар на Република Македонија Ванчо Костадиновски во интервју за МИА.

Посочува дека според измените на Законот за трговски друштва досега се избришани 4.100 фирми од вкупно 5.500 кои се бришат бидејќи не ја довршиле постапката за регистрација која претходно се водела во судот, односно не ја исполниле обврската да ги достават податоците и да ги конформираат во едношалтерски систем.

По ова следи нова категорија фирми чија бројка е 25-26.000 илјади и кои ќе се бришат доколку три години по ред немале деловна активност. Постапката ќе се спроведува во континуитет со цел да се добие појасна и почиста слика за тоа кои се оние компании кои работат во економијата во Македонија.

За новините при регистрирање на компаниите најави дека за 10-тина дена треба да бидат издадени овластувањата на првите регистрациони агенти за електронска регистрација на фирма.

– Реформата се однесува на патот на апликацијата, односно заживување на електронската регистрација на фирмата. Одлучувањето во однос на приемот на апликацијата, времетраењето останува исто. Реформата се однесува на заживување на системот, кој го имплементиравме во март 2011 година. Оттогаш имаме поднесоци во електронска форма, но ние како Централен регистар не сме задоволни од нивото на искористеност и она што се става на располагање на корисниците на овој систем, вели Костадиновски.

Регистрацијата ќе биде без никаков трошок ни кон Централниот регистар, ниту кон регистрациониот агент, потенцира Костадиновски.

Најавува повеќе реформи што се спроведуваат и ќе се спроведуваат во Централниот депозитар кои се произлезени од терен и на барање на деловната заедница.

Централниот регистар, како што вели, досега има издадено стотина задолжници во износ од околу 150 до 180 милиони денари.

–  Јас сум задоволен од тоа што е реализирано и наоѓа примена во деловните односи помеѓу деловните партнери помеѓу трговските друштва кај оние што за тоа имаат постигнато волја од две страни, истакнува директорот на Централниот регистар на Република Македонија Ванчо Костадиновски во интервјуто за МИА.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Во светот 2,4 милијарди вработени жени немаат еднакви економски можности

А1он