Согласно задолжението од Владата и Анексот кон Договорот за администрирање на Фондот за микро и мали претпријатија, Развојната банка на Северна Македонија објави јавен повик со кој се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 месеци.
– Согласно јавниот повик, компаниите треба да поднесат електронско барање до банката, кое може да се преземе од веб-страницата на банката. Барањето се прикачува електронски, на веб форма објавена во самиот повик. Како услов за одобрување на барањето за дополнително утврдување на грејс – периодот и продолжување на рокот на отплата на кредитот е кредитокорисникот, пред поднесување на барањето, да ги има подмирено сите доспеани обврски по основ на главница и камата по кредит од кредитната линија од Фонд за микро и мали претпријатија (Ковид 3), се вели во соопштението.
Повикот важи заклучно со 11 декември 2021 година, коа е и последниот ден за поднесување на брањата. Јавниот повик и барањето за дополнителен грејс – период, како и упатството за поднесување на барањето се достапни на следниот линк.
Од Развојната банка на Северна Македонија велат дека поднесеното барање за дополнителен рок и грејс–период, не го елиминира правото во иднина да се поднесе барање за отпуштање на долгот од 30 проценти од износот на кредитот, согласно утврдените критериуми наведени во договорот за кредит.