Развиените економии забавија во последниот квартал од 2012 година

Од:

Економиите на развиените земји ослабнаа во последниот квартал од 2012 година, по бавниот раст низ текот на целата година, покажаа денешните податоци на Органзиацијата за економнска соработка и рзвој (ОЕЦД).

На ниво на целата 2012 година економиите на земјите членки на ОЕЦД напредувале за 1,3 отсто во однос на нивото од годината пред неа, кога економскиот раст изнесувал 1,9 отсто, пренесоа француските медиуми.

Во последниот квартал од 2012 година економијата на ОЕЦД забележиле негативен раст од 0,2 отсто, по растот од 0,3 отсто од третиот квартал. Овие земји, на годишно ниво, во истиот период евидентирале економски раст од 0,7 отсто, многу побавен во однос на 1,2 отсто од третото тримесечје.

Економијата на САД во четвртиот квартал имала нула економски раст, откако во третиот квартал напредувала за 0,8 отсто. ЕУ, истовремено, забележила пад на бруто домашниот производ од 0,5 отсто, а Германија 0,6 отсто,  што е првиот пад на БДП во оваа земја од почетокот на 2009 година.

Економиите на Велика Британија и на Франција опаднале за 0,3 отсто во однос на растот од 0,9 отсто во Велика британија и еден отсто во Франција во третото тримесечје.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Ана Ололовска