Развиени алатки за бонитетот на странските компании

Од:

Стопанската комора на Македонија, во соработка со агенцијата за кредитен рејтинг „Coface“ – Хрватска, разви алатки со кои македонските компании можат да овозможат бонитетен извештај за одредена странска фирма со цел да добијат стабилен потенцијален партнер, како и да бидат ставени во глобалната мрежа на Групацијата „Coface“, со што странските компании ќе можат да обезбедат податоци за нив.

Валентина Цветковска од Стопанската комора, посочи дека Бонитетниот извештај е поделен во неколку сегменти.

– Компаниите добиваат деловен извештај, што претставува сигурен извор на информации. Тој може да им помогне на компаниите да формираат мислење за деловноста, профитабилноста и стабилноста на потенцијалните партнери. Исто така добиваат и финансиски извештај, што опфаќа двегодишна анализа на компанијата, истакнувајќи ги клучните показатели на бизнис насоката за дадениот период. Покрај тоа, компаниите во рамките на бонитетниот извештај, добиваат и кредитен рејтинг што овозможува проценка на ризикот на соработката со компанијата што е предмет на анализа, објасни Цветковска.

Таа информираше дека услугата Бонитетен извештај дава пристап до интернет-бази на податоци што опфаќаат над 12 милиони компании од Централна и Источна Европа, како и дека извештајот дава избор меѓу моментално пронаоѓање на претходно обработени онлајн извештаи или нарачка на најсвежи информации.

– Сертификатот “„Excellent SME MACEDONIA“ е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со агенцијата за кредитен рејтинг „Coface“. Сертификатот можат да го добијат микро, мали и средни комании, според број на вработени, кои остваруваат над 25.000 евра годишен промет и чија оцена е минимум шест за финансиското работење за последните три години, според рејтингот на „Coface“, посочи Цветковска.

Со алатките, компаниите добиваат сигурност и гаранција за рејтингот на странската компанија, обезбедувајќи на тој начин стабилен потенцијален партнер во услови на развивање на извозната мрежа на своето производство.

Би можело да ве интересира

Oтворено писмо до јавноста од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија