Размената со странство во првите седум месеци 6,18 милијарди долари

Од:

Вкупната размена на Македонија со странство во првите седум месеци од годинава изнесува 6.182.009.000 американски долари, а најмногу или 49,6 отсто се тргувало со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, извозот на стоки е 2.407.356.000 долари, а увозот 3.774.653 илјади долари. Покриеноста на увозот со извоз  изнесува 63,8 отсто. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2013 година, изнесува 1.367.297 илјади американски долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, производите од железо и челик (валани производи) и електричната енергија.

Во периодот јануари-јули 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ  со 73,3 отсто и земјите од Западен Балкан со 17,6 проценти. Во увозот на стоки најголемо учество имаат, исто така, земјите-членки на ЕУ 61,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана