Раст од 4,8 отсто на кинеската економија во првиот квартал

Од:

Раст од 4,8 отсто бележи кинеската економија во првиот квартал, соопшти денеска Националното биро за статистика (НБС). Но, имаше и предупредување за претстојни „значајни предизвици“, бидејќи новиот бран на коронавирусот ја загрозува амбициозната годишна цел на Пекинг, јави АФП, пренесува БГНЕС.

Втората по големина светска економија, веќе ја губеше моќта во втората половина од минатата година, поради падот на пазарот на недвижности и регулаторните мерки.

Но, непопустливиот пристап на Пекинг за нулта-Ковид политика во повеќе градови оваа година ги блокираше синџирите на снабдување и стави во т.н „локдаун“ десетици милиони луѓе – вклучително и во економски динамичните градови Шангај и Шенжен, појаснува АФП.

Растот на бруто домашниот производ на Кина е подобар од очекуваното, се наведува во соопштението на НБС.

Сепак, податоците не го земаат предвид разорното влијание на еднонеделната блокада на Шангај.

Ограничувањата поради вирусот, што ги погодија клучните градови во март, ја намалија продажбата на мало, што доведе до зголемување на невработеноста.

Ова го зголемува притисокот врз официјалните лица да ја постигнат целта за целогодишен раст на земјата од околу 5,5 проценти во клучната година за претседателот Си Џинпинг, кој се стреми кон уште еден мандат.

„Мораме да бидеме свесни дека во сè посложена и неизвесна домашна и меѓународна средина, економскиот развој се соочува со значителни тешкотии и предизвици, истакна денеска портпаролот на НБС, Фу Лингхуи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски

Кина тивко ги укинува царините за американските чипови

Горан Наумовски