Раст на цените на нафтата на светските берзи

Од:

Цените на нафтата денеска пораснаа на светските берзи и покрај објавувањето на податоците за рекордно ниво на нафтените резреви во САД, земјата најголем потрошувач на енергенси во светот.

Американската лесна нафта за испорака во април на електронските трансакции пред отворањето на Њујоршката берза поскапе за 84 центи на 49,01 долари за барел, додека цената на северноморскиот „брент“ за иста терминска достава, се зголеми за 91 цент на 60,96 долари за барел.

Денешниот раст на цените на нафата следи по вчерашниот драстично поевтинување на енергенсот, кога вредноста на американската нафта се намали за 2,82 долари, а „брентот“ за 1,58 долари.

Вчерашнито поветинување на „црното злато“ уследи откако американското Министерство за енергетика објави дека минатата недела резервите на нафта во САД се зголемиле за 9,4 милиони барели достигнувајќи рекордно ниво за овој период од годината од 434,1 милиони барели. Експертите очекуваа нивото на американските залихи да се зголеми за 3,75 милиони барели.

Од средниана на јуни минатата година, па до крајот на јануари, нафтата на светските берзи поевтини за околу 60 проценти, како последица на растот на глобалните резерви, намалената потрошувачка и силниот долар. Во текот на овој месец цените на нафтата забележаа благ раст, како реазултат на намалувањето на бројот на нафтени извори во САД, но аналитичаите сепак прогнозираат дека варирањето на вредноста на енергенсот ќе продолжи и во следниот период.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата