Раст на американската економија за 2,5 проценти во првиот квартл

Од:

Темпото на раст на американската економија во првите три месеци од годината е 2,5 отсто, бидејќи намалувањето на владината потрошувачка го неутрализира скокот на личната потрошувачка и инвестициите, соопшти американското Министерство за трговија.

Првата проценка на растот на бруто домашниот производ во првиот квартл укажува на солидно заздравување во однос на скромниот раст од 0,4 отсто од претходниот квартл, но е под прогнозата на аналитичарите од 2,8 проценти.

Личната потрошувачка е зголемена за 3,2 отсто, што зборува за забрзување на растот во однос на четвртиот квартл, а деловните инвестиции бележат раст од 2,1 проценти, но со поспоро темпо.

Но, владината потрошувачка, која беше погодена со буџетските резови во тој квартл, продолжи да ја гуши економијата и забележа пад за 9,4 отсто.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас