Расправа по Предлог буџетот за 2015 во матичната собраниска комисија

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја почна расправата по предложениот Буџет на Република Македонија за 2015 година. За пратениците членови на Комисијата кои се вклучија во расправата предложениот буџет е развоен кој поддржува капитални проекти, обезбедува зголемување на платите, пензиите, повеќе средства за образованието, спортот, водостопанството и слично.

Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет меѓу другото истакна дека Буџетот е развоен.

– Доколку немаме нови потреси, за кои нема да има вина на РМ, бидејќи нашата економија е увозно-извозно зависна пред се од големите европски економии, можам да заклучам дека економијата во РМ се движи во добар правец. БДП се зголемува постојано, фундаментите на фискалната и монетарната политика се поставени на здрава основа и економијата во РМ во континуитет треба да се развива, а со тоа и граѓаните да ги чувствуваат своите бенефити, истакна Мукоски.

Пратеничката Владанка Авировиќ посочи на големите инфраструктурни проекти што се поддржуваат со предложениот буџет за 2015 година.

– Предвидените 340 милиони евра директни инвестиции од буџетот ќе придонесат во овој период Македонија да го задржи она што го предвидува како економски раст, рече Авировиќ.

Лилјана Кузмановска истакна дека расходната страна е во функција на поддршка на стопанството и посочи дека наредната година се предвидува раст и на индустриското производство и на градежништвото, како и на извозот.

Љупчо Димовски ја поздрави поддршката во земјоделството и водостопанството.

– За капитални проекти во водостопанството се предвидени 1,422 милијарди денари, средства кои во поновата македонска историја не биле предложени во земјоделството и водостопанството, рече Димовски.

Тој наброја повеќе проекти што ќе се реализираат, а се однесуваат на брани, системи за наводнување…

За предвидената поддршка во спортот се осврна Трајче Димков, кој посочи на напорите што се прават за регионален развој и проекти што се реализирани во регионот на Штип.

Олга Најденоска говореше за континуираната поддршка во образованието.

– Инфраструктурата во образованието од 2006 наваму забележува подобрување. Заради добрата инвестициска политика изградени се 43 училишта, реконструктуирани се повеќе училишта и спортки сали…, рече Најденоска која додаде дека во 2015 година е предвидено зголемувње во секој дел од образованието и во делот на плати и во делот на инвестициите.

Поддршка за предложениот буџет изразија и пратениците од ДУИ.

Калтрина Азизи посочи дека со буџетот се поддржува стопанството, стандардот на граѓаните, капитални инвестиции, како и образованието.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6