Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Од:

Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, кој беше изведувач на изградбата на 400 киловолтниот далновод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница, информираат од АД МЕПСО.

-До неодложно раскинување на договорот доведе неисполнувањето на обврските од страна на изведувачот и барањата на изведувачот за дополнителни плаќања поради значителното зголемување на трошоците за материјали и услуги. Тоа доведе до неможност за постигнување согласност меѓу двете страни. Договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, беше склучен на 7 февруари 2020 година, со рок за завршување од 30 месеци. Рокот истече на 30.5.2023 година, посочуваат од МЕПСО.

Во овој период, како што нагласуваат, изведувачот неколку пати го напушташе градилиштето, барајќи дополнително плаќање, што беше одбиено од АД МЕПСО заради типот на договорот, клуч на рака.

-И покрај повеќекратните напори на АД МЕПСО за усогласување и преговарање, договор не беше постигнат. Затоа, АД МЕПСО ја донесе неопходната одлука за раскинување на договорот. Од започнување на проектот досега се реализирани 24 од планираните 269 фундаменти за столбови или 8,9 отсто, а доставени се 51,2 отсто од опремата. Имајќи ја во предвид настаната ситуација, слабата динамика, напуштањето на работата, цениме дека раскинот на овој договор, всушност претставува почеток на завршување на овој проект кој претставува врвен приоритет за АД МЕПСО и Владата, велат од електро преносниот систем оператор.

Порачуваат дека остануваат посветени на завршувањето на 400 киловолтната интерконекција со Албанија и дека веќе започна подготовки за рестартирање на проектот.

-Друштвото ќе иницира нова тендерска постапка според насоките на ЕБОР за избор на нов изведувач кој ќе продолжи со изградбата. Успешната реализација на оваа интерконекција останува приоритет за АД МЕПСО, бидејќи ќе ја зајакне регионалната енергетска стабилност и интеграција, со значителни придобивки за Северна Македонија, Албанија и регионот во целина, нагласуваат од АД МЕПСО.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Катерина Ѓуровски

ВМРО – ДПМНЕ: Обвинителството да отвори предмет за сомнежите за криминал во МЕПСО

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал