Расходите за одбрана на Велика Британија во 2016 година под минимумот на НАТО

Од:

Расходите за одбраната на Велика Британија минатата година беа под два проценти од бруто домашниот производ, што е под долната граница за земјите-членки на НАТО, се наведува во извештајот на Меѓународниот институт за стратешки истражување.

– Во 2016 година само две европски земји-членки на НАТО – Грција и Естонија ја постигнале целта да потрошат два отсто од БДП за одбрана, а во 2015 година таквата цел ја постигнале четири европски држави, изјави генералниот директор на Институтот, Џон Чапман.

Тој додаде дека Обединетото Кралство минатата година издвоило 1,98 проценти од БДП иако „британската економија забележала побрз раст отколку расходите за одбраната“.

Британската Влада го демантираше извештајот, наведувајќи оти расходите се наведени во американски долари, без да се земе предвид курсната разлика.

– Таквите бројки се грешни. Бројките на НАТО јасно покажуваат дека Обединетото Кралство издвоило повеќе од два проценти од БДП, изјави портпаролот на британското Министерство за одбрана.

Тој додаде дека британскиот воен буџет е „најголем во Европа, а втор во Алијанста и секоја година бележи раст“.

Претходно, генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг изјави дека европските сојузници на НАТО и Канада во 2016 година ги зголемиле трошоците за одбрана до 3,8 отсто, што е за 10 милијарди долари повеќе во споредба со минатата година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рубио: Сите членки на НАТО ќе се согласат да издвојуваат пет проценти од БДП за одбрана

Катерина Ѓуровски

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

Трамп повторно им се закани на членките на НАТО

Шекеринска: Западен Балкан мора да внимава на зборовите – тие можат да бидат поопасни од оружје

А1он

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија