Рамадани: Побаравме скоро двојно зголемување на цената за пренос на струјата

Од:

Директорот на АД МЕПСО Куштрим Рамадани денеска истакна дека побарале скоро двојно зголемување на цената за преносот на струјата што го вршат.

– Побаравме зголемување на цената. Уделот на МЕПСО во сметка платена од крајните клиенти е некаде околу 3,5 проценти, односно во една сметка од 1000 денари за МЕПСО плаќаат само 35 денари. Сите приходи од сметките во однос на преносот се инвестираат на вистинското место затоа што имаме далекуводи кои се од 50-тите и 60-тите години и треба да се модернизираат. Побаравме скоро двојно зголемување. Ако тие досега на сметка од 1000 денари плаќаат 35 денари, ние побаравме сега да се плаќа по 60-70 денари, рече Рамадани.

Тој посочи дека последниот збор ќе го каже Регулаторната комисија за енергетика за оваа прашање.

Би можело да ве интересира

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико