Радиодифузерите ќе платат 25 проценти помалку за дозволи за следната година

Од:

Имајќи ги предвид тековните случувања со енергетската криза и големиот раст на цената на електричната енергија кој директно се одразува врз функционирањето и економската одржливост на радиодифузерите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе обезбеди финансиска помош – донација за радиодифузерите која ќе се реализира преку намалување на нивниот надоместок за дозвола за радио и телевизиско емитување за 2023 година соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Во рамки на финансиските можности на Агенцијата, ова намалување изнесува 25% од надоместокот за дозволата, пресметан согласно формулата утврдена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Агенцијата се надева дека со оваа донација ќе придонесе за надминување на последиците од постојната енергетска криза и за непречено функционирање на радиодифузерите и во наредната година се вели се вели во соопштението од Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Владиката Петар отвора телевизија, ќе емитува квизови, вести и спорт во следните девет години

Орце Костов

АВМУ со поддршка на протестниот марш за одбрана на новинарското достоинство

АВМУ: Недолични се зборовите што пратеникот Димитар Апасиев ги упати кон новинарот Љупчо Златев на социјалните мрежи

Ана Ололовска

АВМУ: Неприфатлив е недоличниот однос на министерот Бектеши кон новинарката на ТВ Канал 5

АВМУ: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите

АВМУ: Осуда за заканите упатени кон ТВ Канал 5

Ана Ололовска