Работниците внатре, директорот надвор од „Млаз“ Богданци

Од:

По 55 години од своето формирање, некогаш најголемото транспортно претпријатие во рамките на поранешна СФРЈ „Млаз“ од Богданци, денеска се соочува со долг од шест милиони евра, хипотека на целиот останат имот, дневна каматна задолженост од по 20.000 евра, која го зголемува долгот кумулативно, одлив на 1.700 работници и старо-нов управител, кој е заведен во Централниот регистар, но нема влез во фирмата.

Вработените обвинуваат дека згора на тоа им се блокирани и возилата од возниот парк што остана за вршење на основната дејност. Од постојните 12 автобуси и 18 камиони, само шест се на располагање, а другите се блокирани за излез од паркинг-просторот на Млаз.

Ова е резултат на пресметката меѓу поранешниот управител и доминантен сопственик на акции на 23 отсто одкапиталот на Млаз, Васе Петрушев, и новото раководство на фирмата, кое ги купи акциите на Петрушев што УЈП ги даде на берзанска продажба по претходно отворена постапка за потеклото на парите за купувањето на акциите во вредност од 500.000 евра.Откако го откупи неговиот дел, фирмата „Шимов Транспорт“ од Богданци обезбеди управување со пакет-акции од 78 отсто од вредноста на капиталот и формира нови управни и надзорни органи на претпријатието, заведени на 11 февруари во Централен регистер на РМ.

Акционерите понесоа тужба пред Управниот суд за враќање на регистрацијата на новиот сопственик, која по жалбена постапка на стариот сопственик, прифатена од Централниот регистар, е избришана, а состојбата е вратена на старо на 24 април годинава.

Шеесетте вработени што одат на работа немаат земено плата веќе четири години и се незадоволни од состојбата, бидејќи сега се, всушност, фирма без газда, без капитал, затоа што со судска одлука, изречена во март годинава од Основниот суд во Велес, замрзнати се сите акции без право на продажба, ниту право на управување со нив од страна на постојните 1.200 акционери на капиталот на претпријатието.

Жителите на Богданци, каде што некогаш половина од работоспособното население на општината било вработено во оваа најголема транспортна фирма во југословенски рамки, велат дека ситуацијата во „Млаз“ е жалосна, пропаѓа имотот на претпријатието, а наместо решение за вработените, пред граѓаните се сервираат игри на суети меѓу стариот и новиот доминантен сопственик, кој е, всушност, син на основачот на „Млаз“ од 1958 година, Томче Шимов.

Со неговото заминување од челната позиција на претрпијатието во 1991 година започна и на фирмата, потпомогнато од воените дејства на  подрачјето на некогашните југословенски републики, каде што Млаз важеше за доминантен превозник-транспортер, со склучени ексклузивни договори за нафтената индустрија „ИНА“ и за фармацевтскиот гигант „Плива“ од Загреб, а со војната и распадот на СФРЈ се изгубија контактите со тие пазари.

Додека се чека судскиот епилог, автобусите на Млаз остануваат да ги опслужуваат само шесте преостанати линии на релација Богданци-Гевгелија-Скопје, а некогаш се изведуваа дневно и по 40 линии за регионални правци во државата. Ова е фрапантната слика на денешниот Млаз, кој во најдобрите времиња располагаше со возен парк од 400 возила, туристичко одморалиште, хотел и камп „Мрдаја“ во Стар Дојран, туристичка агенција во Скопје, свои претставништва во сите ЈУ-републики, фабрика за приколки со површина од 15.000 метри квадратни,  фабрика за пружини со квадратура од 18.000 метри, сите веќе продадени, и сервис со автосалон во Гевгелија, којсега пропаѓа оставен на забот на времето.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Детали за несреќата во која загина едно лице: Еден од учесниците во сообраќајката криумчарел мигранти

А1он

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он