Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Прилеп ќе ја реализираат седмата работилница „Интензивирање на воведувањето на ХАЦЦП системот во угостителските објекти во Република Македонија“.
На неа ќе бидат претставени основите на контролните системи за безбедност на храната кои треба да се имплементираат во поголемите угостителски објекти кои произведуваат и послужуваат храна и во помалите, каде што ХАЦЦП системот пофлексибилно се имплементира.
Претставниците на Агенцијата денеска ќе одржат работилница и во Битола.