Работилница за регионална соработка во нуклеарната енергија

Од:

Владата нема донесено одлука за започнување на нуклеарна енергетска програма. Доколку се одлучи за тоа ќе се спроведе референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали го поддржуваат тоа или не.

Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на Меѓународната работилница за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енергија, што од денеска до петок се одржува во Скопје во организација на АД ЕЛЕМ, МАНУ и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

На работилницата се разгледуваат прашања од аспект на регионална соработка во доменот на нуклеарната енергетика, а учествуваат експети од областа на енергетиката и нуклеарната енергетика од регионот и од МААЕ.

– Македонија нема нуклеарна енергетска програма и се уште нема донесено одлука да отпочне со нуклеарна програма во сопствени или регионални проекти, но Владата во континуитет ги следи меѓународните трендови и случувања во оваа област, а посебно е заинтересирана за регионалните трендови и за соработка со соседните земји на оваа поле, им порача Пешевски на учесниците.

Тој посочи дека во изминатите неколку години со препорака на Владата формирана е група во АД ЕЛЕМ која има задача да спроведува истражувања и да ги прати регионалните и светските трендови во нуклеарната енергетика и во новите трендови за производство на енергија и да ги обучува своите кадри во таа област. Групата треба да собира и материјални кои ќе бидат пторебни за Владата да може да ги процени своите интереси и можности  за учество во самостојни и регионални проекти во областа на нови енергетски извори.

– Очигледно  е дека изградбата на енергетска инфорастуктура е неопходна за започнување  на нуклеарна енергетска програма и оти бара големи вложувања од финансиска и кадровска природа. Затоа е неопходно да се поткрепи со регионална соработка. Токму оваа работилница е значаен чекор напред кон унапредувањето на регионалната соработка, потенцира Пешевски.

Тој прецизира дека една одговорна влада треба да направи соодветни подготовки и да формира квалитетен  кадар со цел вклучувањето на Македонија во нуклеарната програма во рамките на регионот да биде на квалитетен начин, рече Пешевски.

Според него, неодговорно би било да се биде априори против било каква технологија дколку одлуката за тоа не е базирана на квалитенто знаење, меѓународни стандарди и стратешко планирање.

– Во изминатите две години воспоставивме соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија во делот на почетните сознанија кои една држава треба да ги има за нуклеарната енергетика. Тоа не е знак дека Македонија се вклучува во нуклеарната енергетика и дали има донесено таква одлука, туку дека на одговорен начин правиме потребни анализи со цел во даден временски период од неколку години да можеме да дадеме одговор на прашањето, а особено од аспект на регионот, рече Пешевски.

Иван Виденовиќ од МААЕ истакна дека нуклеарната енергетика е комплексна област во која најважниот сегмент  е изградбата на инфраструктурата која, пак, подразбира изградба на многу сегменти  во државата кои се потребни да ја поддржат.

– МААЕ јасно ја препознава важноста на соработката меѓу експертите во проекти за нуклеарна енергија и во однос на регоналната енергетска безбедности во смисла на нуклераната безбедност. Денешната работилница е организирана бидејќи МААЕ смета дека малите држави кои се во регионот сами за себе немаат финансиски, инфраструктурни и стручни капацитети за реализација на толку скапи проекти. Затоа регионалната соработка е неопходна. Воедно во регионот го имаме и примерот на најдобрата соработка на полето на нуклеарната енергетика а тоа е нуклераната централа Кршко која им припаѓа на Словенија и Хрватска, рече Виденовиќ.

Агенцијата, како што потенцира, не се занимава со тоа дали и кој ќе гради нуклерана централа во регионот. Нејзината цел е да даде вистинска проценка на енергетските услови во земјите.

– Мандатот на МААЕ е реално да се поценат енергетските потреби на земјата и да се исклучи нуклеарната енергија доколку не е остварлива. Но, сепак долку земјата членка реши да почен да се занимава со нуклеарна енергија МААЕ ги прави сите напори да го поддржи соодветното градење на индустриската и правната инфраструктура   и безбедното распроедување на нуклеарните полнења, потенцира Виденовиќ.

И по Фукушима, наглси, многу земји, особено земји во развој, размислуваат да се зафатат со нуклеарната енергија која нуди многу придобивки за подобрување на енергетската безбедност, за намалување на ефектот на менливите цени на фослините горива, за ублажување на ефектот на климатските промени и за да  се направи поконкурентна економијата.

– Ние немаме никакви сознанија дека во овој регои ќе  се изгради нуклеарна централа. Има земји кои се подготвуваат за тоа во смисла на техничка подготовка и разбирање на сите можни опции, како и изградба на неопходните кадри. Една од нив е и Македонија. Во регионот имаме земји кои веќе имаат нуклеарни централи како што се Бугарија, Словенија и Хрватска, како и земји кои се подготвуваат да ги рошират своите нуклеарни капацитети. Нашата улога во сето тоа е да ја поттикнеме комуникацијата и разговорот меѓу земјите за да се продискутираат некои  теми кои денеска се преќутуваат или се табу за и владите и граѓаните да дознаат какви се предностите и недостатоците на нуклеарната енергетска опција, рече Виденовиќ.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница