Првпат воведена е-трговија во Пошта – онлајн нарачки со можност за испорака до адреса

Од:

АД „Пошта на Северна Македонија“ викендов ја воведува опцијата за е-трговија, односно можноста секој заинтересиран граѓанин да направи онлајн нарачка-подарок кој ќе се испорачува на саканата адреса за време и по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Како што информираат од АД „Пошта на Северна Македонија“, процедурата е едноставна, брза и безбедна. Сите заинтересирани граѓани за користење на оваа услуга треба да ја посетат официјалната веб страница на Пошта: www.posta.com.mk. Потоа одбираат еден или повеќе од понудените подароци, внесуваат свои, како и контакт податоци, вклучително и адреса каде сакаат да биде доставен подарокот. Дополнително, постои и можност за пишување и персонализирана порака која во оригинална форма ќе се отпечати и достави до примачот.

Наплатата, како што стои во соопштението од АД „Пошта на Северна Македонија“, е целосно безбедна, а се одвива преку онлајн системот на деловниот партнер на Пошта, Халкбанк. Цената на достава за подароците е унифицирана и изнесува 80 денари, а важи за територијата на целата држава.

Ова е првпат националната Пошта да овозможува ваква опција, а целта и фокусот и во следниот период ќе биде дигитализацијата на целокупниот процес на услуги на Пошта, каде е-трговијата ќе зазема еден од централните улоги.

-Процесот на подобрување на работењето на Пошта во иднина сè повеќе ќе се заснова на користењето на современи дигитални алатки, како и преку засилена соработка со поштите од регионот, но и преку меѓународната поддршка која како компанија ја очекуваме, велат од АД „Пошта на Северна Македонија“.

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

A1on

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

A1on