Првите нови товарни вагони за МЖ Транспорт до крајот на месецов

Од:

Првата пратка од 15 товарни вагони што за МЖ Транспорт  ги произведува словачката компанија ЖОС Трнава  ќе стигнат до крајот на месецов или во првата недела на ноември, а сите 150 до првата половина на јануари, информира денеска директорот на МЖ Транспорт Оливер Деркоски.

Набавката на товарните вагони изнесува 13,2 милиони евра. Со оваа ивестиција, согласно потпишаниот договор, МЖ „Транспорт“ ќе го обнови возниот парк со  75 отворени вагони и исто толку плато вагони.

Со обновата на возниот парк, според Деркоски, ќе се намалат трошоците  за одржување на постојниот возен парк, но и ќе бидат дел од новите договори за превоз на стка од пристаништето Пиреја кон Средна Европа.

– МЖ Транспорт моментно располага со околу 1.000 товарни вагони од различни  типови. Набавката на новите значи почеток на обновување на возниот парк затоа што товарниот  вагони во нашиот состав се прилично стари и одржувањето бара  зголемени трошоци од нашата компанија.  Со набавката на новите вагони  всушност се намалуваат  трошоците, но и се вклучуваме во нови превози  од пристаништето Пиреја кон Средна Европа, изјави деркоски, одговарајќина новинарски прашања по отворањето на годишната конференција за превоз на особени пратки на Mеѓународната железничка унија.

Покрај товарни вагони, МЖ Транспорт набавува и шест патнички железнички гарнитури. Испораката на првата треба да почне од август следната година, а до крајот на таа година да пристигнат сите. Инвестицијата  во новите патнички возови изнесува  20 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски