Првите ефекти од американските царини по пет-шест месеци, вели гувернерот

Од:

Гувернерот Трајко Славески смета дека е рано да се почувствуваат првите ефекти од воведувањето на американските царини кои засега за Македонија изнесуваат 15 отсто. Како што рече денеска, со оглед дека ваквата одлука е донесена „буквално пред некој ден“, допрва ќе се прават потребните анализи.

-Се уште немаме ефект од воведувањето на царините. Дури и проценките на САД се, зашто и кај нив ќе има влијание, дека по пет-шест месеци ќе може да ги почувствуваат првите ефекти. Царинските стапки се буквално од пред некој ден. Треба да направиме анализи, да видиме во која мерка тоа би влијаело, сега немам прецизен податок за тоа, нагласи Славески, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Одлуката на САД според која македонските производи ќе се царинат за плус 15 отсто, стапува во сила денеска, а беше донесена на 1 август. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и производите од Хрватска и Словенија, производите од Србија ќе се царинат со 35 отсто, од Босна и Херцеговина со 30 проценти, а најниска царина ќе имаат Албанија и Црна Гора, 10 отсто.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува царините од САД за Македонија да паднат под 15 отсто, зашто, како што изјави пред една недела, преговорите продолжуват во втората половина од август, по летните одмори. Министерството за финансии смета дека царините може да се намалат до 10 проценти, а според директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, до крајот на септември треба да се знае која царинска стапка ќе биде дефинирана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Го надгледуваме иранскиот ураниум, ако некој се приближи, ќе го разнесеме

Иран одговори на американскиот предлог за прекин на војната

ВИДЕО: Кои се најголемите профитери од војната на Трамп со Иран

ВИДЕО: Нестабилно примирје, Револуцинерната гарда се заканува – блокадата на Ормутскиот теснец ја продлабочува светската криза

Арагчи: „Трамп повторно е измамен“

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор