Протокол и водичот за добри практики и алатката за автодијагностика

Од:

Проектот АГРО-СТАРТ „Транснационална мрежа за поддршка на мали и средни претпријатија на растителното и сточарското производство“ ги публикува ЈИЕ Протокол за поддршка, водичот за добри практики и алатката за автодијагностика, значајни алатки развиени во рамки на проектот, публикувани во седум држави (Романија, Бугарија, Грција, Италија, Словенија, Македонија, Албанија) од страна на 12 организации на нивните матични јазици.

– Федерацијата на фармерите на Република Македонија учествуваше во процесот на нивната подготовка преку собирање информации и добри практики со единствена цел – да се помогне на организациите за бизнис-поддршка, на компаниите кои нудат услуги, на малите и средни претпријатија, организации со добри практики за развој на нивните бизниси и да се овозможи развој на земјоделството во Југоисточна Европа, каде што растителното и сточарското производство играат важна улога и имаат исти проблеми и предизвици: мало користење на иновации, технологии, механизација, слаба едукација, мала инволвираност на млади луѓе, директно влијание на економската криза, проблеми во креирањето конкурентни производи на домашниот, регионалниот и европскиот пазар. ФФРМ ги публикува овие алатки на македонски јазик и ги доставува до засегнатите субјекти кои се целни групи во проектот, вели Никола Стаменов, претседател на ФФРМ.

ЈИЕ Протоколот за поддршка е алатка која дава сугестии за тоа како да се промовираат и да бидат достапни иновативните пристапи за малите и средни претпријатија за сточарско и растително производство во ЈИЕ. Тој е интегриран и синергетски овозможува употреба на сите алатки на проектот, кои ќе бидат тестирани од страна на партнерите и засегнатите страни, а се организираат и курсеви преку е-учење.

Главниот партнер на проектот, Националната федерација на синдикати за земјоделство, храна, тутун, земјишта и слични услуги, АГРОСТАР, Романија, во соработка со останатите партнери, го подготви ЈИЕ Протоколот за поддршка кој нуди алатки за поддршка како што се транснационална база на податоци на земјоделски мали и средни претпријатија и компании кои даваат услуги за поддршка на развојот на сточарскиот и растителниот сектор, автодијагностицирање, пакет за поддршка, ЈИЕ виртуелен пазар.

Водичот на добри практики, соопшти денеска Федерацијата на фармери, е дизајниран врз основа на петте тематски работилници, на кои партнерите ги презентираат најдобрите примери на иновативни добри практики во своите матични држави. Водичот е подготвен од италијанскиот универзитет УНИМОЛ и содржи 31 добра практика од кои три се македонски: ИПАРД онлајн-алатка за информации, Пристап до финансиите во агробизнисот и Обезбедување на квалитет за мали производители на храна (ГЛК) во рамките на проектот „Безбедност на храната во Југоисточна Европа 2012 – 2013. Водичот на добри практики ја содржи работата од петте тематски работилници на кои партнерите ги избраа најдобрите примери на иновација и претприемништво во секторите на растително и сточарско производство од нивните земји.

Темите на петте тематски работилници се:Ефективни пристапи за услугите за дијагностицирање и проценка на иновативни и/или ефикасни процеси на производство и работење за целните сектори, Ефективни пристапи на алатките за финансиска поддршка за МСП во старите, новите земји-членки и земјите-кандидати и како да се обезбеди поддршка за МСП за нивната достапност и пристапот до нив (финансиска поддршка за претприемачи, за иновативни пристапи итн.), Ефективни пристапи за технологија и транфер на иновации за МСП,Ефективни пристапи за промовирање и потпомагање на претприемништвото во целните сектори, Ефективни пристапи на проценка при влез на нови пазари, достигнување на европски стандарди за квалитет, промоција на производи и олеснување на интернационализацијата на МСП.

Во рамки на проектот е подготвена и алатката за автодијагностика преку која малите и средни претпријатија можат да утврдат кои се нивните слаби и добри страни и да добијат совети како да го развиваат својот бизнис.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Горан Наумовски

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади