Протест пред „Повардарие“ поради неисплатени обврски кон лозарите

Од:

Лозари денеска протестираат пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино, поради неисплатени обврски од страна на винарницата.

– Всушност станува збор за блокада. Блокирани се двете капии на винаријата и не дозволуваме влез или излез на било каков имот на винарската визба. Овој протест легално е пријавен во полиција. Работата е што не го почитуваат договорот што е потпишан, има луѓе со неисплатени обврски од 2014 година, рече Илија Јанчев, член на Иницијативниот одбор за протестот.

Според него, протестот не е политички и тие само бараат да бидат исплатени.

Јанчев вели дека се обратиле и до „Повардарие“, но оттаму засега немаат излезено со став за најновиот протест на лозарите пред нивните капии.

Би можело да ве интересира

Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски