Протест на вработени во ЗК „Пелагонија“-Битола

Од:

Вработени во ЗК „Пелагонија“-Битола денеска одржаа мирен протест заради неисплатени плати. На протестниот собир вработените побараа исплата на сите неисплатени плати за да не биде прекинат работниот процес во сите работни единици, а посебно во фармите каде се одгледуваат расни крави.

-Ова е предупредувачки протест до сопствениците да знаат дека им даваме рок до среда. Ако до тогаш не ги исплатат неисплатените плати ќе стапиме во штрајк. Тоа значи непочитување на работните обврски. Имаме фарми каде вработените нема да ги молзат кравите, нема да ја хранат стоката, а ќе запре и производството на струја во централите, истакна Менде Милевски, претседател на синдикатот во ЗК „Пелагонија“-Битола.

Вработени во ЗК „Пелагонија“-Битола на протестот потсетија дека подолг период не добиваат надоместок за исхрана и К-15, додека, пак, финансискиот директор во комбинатот Павле Цветановски, кусо изјави дека на околу 500 работници денеска ќе им се исплати плата, а неисплатена ќе остане една третина од остатокот од ноемвриската плата.

-Со сигурност можам да кажам дека влеговме во склучување на договор со сите банки и доверители, кои пристапија кон деблокада на сметките и денеска комплетно ќе биде завршена работата, а платата исплатена, рече Цветановски и дополни дека за релативно брзо време ќе биде исплатена и една третина од платата за ноември.

Би можело да ве интересира

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Протест кај село Врбјани, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево

Катерина Ѓуровски

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

Протести и контрапротести во Њујорк

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он